Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе одбележат 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција

by Fokus

По повод 8 Септември – Денот на независноста, 75 години од крајот на Граѓанската војна во Грција (1946-1949) и организирање на Шестата средба на децата бегалци, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија Мирка Гинова од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон и Општина Штип денеска организираат настан во дворот на црквата Св.Константин и Елена во населба Балканска во Штип.

На средбата ќе присуствуваат гости од државава и од соседните земји Албанија, Грција и Бугарија. Програмата ќе почне со свечен дел и ќе продолжи со културно-забавна програма.

 

Поврзани новости