372
Граѓаните на Србија најмногу симпатии имаат кон Грците и Македонците, кои ги сместуваат меѓу најомилените народи, покажува неодамнешното истражување направено во Србија.
43 отсто од полнолетните испитаници се изјасниле дека најпозитивно мислење имаат за Грците, додека пак граѓаните постари од 50 години ги преферираат Македонците.
Помладите од 50 години, пак, на врвот на листата омилени народи по Грците ги ставаат Црногорците.
Од друга страна најнегативно мислење Србите имаат кон Хрватите. Дури 45 отсто од испитаниците се изјасниле негативно кога се во прашање граѓаните од Хрватска.
Веднаш по нив се Албанците, за кои негативно се изјасниле 33 отсто од анкетираните Срби.