Претставникот на македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу и членот на Комитетот за малцинства, Марјана Косотофски, денеска на презентирањето на пописните резултати, демонстративно ја напуштиле салата.
Тоа се случило откако не им бил даден одговор на прашањето зошто на прегледот за бројот на малцинствата за сите стои она што се, само за македонското стои име на државата Северна Македонија, на албански јазик и „Северно Македонци“ на англиски јазик.
Според претставници на Македонците кои биле присутни на презентацијата директорката на ИНСТАТ на забелешката рекла дека е тоа име на државата, но на дополнителната забелешката дека сите малцинства имаат матична држава, а се напишани она што се модераторот не дозволил одговор, по што претставниците Спахиу и Костофски демонстративно ја напуштиле салата.
Претставниците на Македонците дополнително за МИА информираа дека се очекува Амбасадата да реагира до Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, а како известување допис да биде доставен до сите амбасади и мисии во Тирана.