Македонци заглавија во Украина, се прават планови за евакуација

by Фокус

Сега е мирно, нема никакви дејствија, меѓутоа има паника и практично евакуација на граѓани од Киев, рече македонскиот амбасадор во Киев, Крум Ефремов.

-Се бега со коли, со различни превозни средства. Во моментов, авионските линии не функционираат, така да само преку копнени транспортни превозни средства се авкуираат граѓаните – изјави Ефремов за Телма.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, за Канал 5 информираше дека утрово две македонски семејства побарале помош од нашата амбасада во Киев за да ја напуштат земјата.

-И денеска имаме неколку граѓани кои што бараат документи за да ја напуштат земјата, иако ние веќе правиме планови и за евакуација на нашите дипломати – рече Османи.

Поврзани новости