„Македонци поврзани со политичка партија ќе бидат обвинети за заканите со бомби“, вели директорот на Софискиот безбедносен форум

by Fokus

„Во РСМ уште во октомври минатата година почнаа да се испраќаат масовни мејлови за закани со бомби до училиштата, до Централната банка и до градинките. Во февруари годинава имало 560 закани. Заканите со бомби за март се намалени речиси до нула, имаше само 9“ изјави за бугарска БНТ Јордан Божилов – директор на Софискиот безбедносен форум.

Тој смета дека во Македонија се променети протоколите за постапување во вакви ситуации, начините на креирање и користење на официјални електронски пораки, а се прават проверки и на училишта.

„Не сите закани ги затвораат училиштата. Работиме на различни верзии, од кои едната е хибридни закани поврзани со Русија, но ќе бидат обвинети и неколку Македонци кои се поврзани со една од политичките партии во РСМ“ – рече Божилов.

Тој смета дека е важно да се менуваат не само протоколите, треба да има добра физичка безбедност, контрола на пристап, проверки.

„Многу е тешко да се докаже кои се сторителите. Во С. Македонија е утврдено дека серверите од кои се испраќаат електронските пораки се наоѓаат во Русија и Иран“, рече тој.

Поврзани новости