Македонци нудат сместување за украински бегалци: Станот ни е мал, ама сте добредојдени

by fokus

Младиот студент на Харвард, Ави Шифман креираше специјална платформа за поврзување на украински бегалци со луѓе од целиот свет кои им нудат бесплатно сместување.

Заедно со неговиот колега Марко Бурстајн на трети март го лансираа Ukraine Take Shelter, веб страница на 12 јазици каде што украинските бегалци кои бегаат од војната веднаш можат да најдат домаќини кои нудат слободна соба, цел стан или пак хотелска соба во хотел кој е надвор од сезона.

На платформата веќе има и двајца македонски граѓани кои им нудат сместување на граѓани од Украина. Семејство од Охрид ја нуди детската соба од своите деца.

Објавата на платформата од семејство од Охрид

-Имаме стан од 55м2 во центарот на градот. Ние сме четиричлено семејство, јас, мојот сопруг и нашите деца (4-годишно девојче и 10-годишно момче). И кученце старо 4 месеци.
Не можам да ветам 100% приватност бидејќи работам од дома, а станот е мал. Но, можеме да ви ја понудиме собата на нашите деца соба за двајца возрасни или ако имате деца и домашно милениче.
Многу ми е жал што морате ова да го читате и се наоѓате во оваа тешка ситуација. Ви посакувам само здравје и мир, порачува семејството од Охрид.

Во првата недела, повеќе од 4.000 потенцијални домаќини ширум светот, вклучително и во САД, понудија место за престој преку оваа платформа. Претој нудат и граѓани на Албанија, Србија, Унгарија, Романија, Полска…

На платоформата, бегалците ја пишуваат својата момнтална локација и им се појавуваат десетици понуди за домаќини од најблиските градови во соседните земји. Тие исто така можат да го наведат бројот на луѓе на кои им треба засолниште, како и дали имаат домашни миленици или членови на семејството со посебни потреби.

Катерина Смилева Божиновска

Поврзани новости