747
Со спектуларно шоу и настап на легендарниот Андреа Бочели во Рим беше отворено Европското првенство во фудбал.
На стадионот Олимпико беа постави знамињата на сите 24 земји кои изборија пласман на ова првенство, меѓу кои за прв пат во историјата се најде и македонското знаме. Првиот натпревар е меѓу репрезентациите на Италија и Турција со почеток во 21 часот.
Македонската репрезентација првиот натпревар го игра во недела против Австрија од 18 часот.