Македонското вино презентирано на винската визија за Отворен Балкан во Виена

by Fokus

Македонските вина денес презентирани во Виена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на покана од министерката за земјоделство на Република Србија, Јелена Танасковиќ, преку  иницијативата Отоврен Балкан. 

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство соопшти дека македонските вина се презентирани пред реномирани новинари, познавачи на виното, бизнис партнери, и купувачи од Австрија, Германија и Швајцарија.

-Македонското вино е нешто со што се гордееме, најдобар промотер на нашата земја, и најгласниот и најдиректен маркетинг за нашата земја. Винската визија за Отворен Балкан е оригинален настан, најдобар промотер на нашата земја и можност да го презентираме нашето македонско вино, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. 

Од Министерството соопштија дека на презентацијата добиле прекрасни коментари и критики за македонското вино од Питер Мозер, специјалист и вински новинар и извршен уредник на одделот за вино на водечкиот германски гурмански и вински магазин Фалстаф.

-Преку нашето убаво македонско вино шириме позитивна енергирја и стекнуваме нови пријателства. Одлични оценки и коментари за македонското вино можеа да се слушнат и од австриската пратеничка Мариа Гросбауер и Ханс Шојфеле менаџер на Wine&Co, соопшти Министерството.

Од Министерството велат дека секторот винарство е високо во приоритетите.

-Вложуваме многу енергија и преку повеќе конкретни мерки го помагаме развојот на овој значаен сектор. Нашите вложувања ги даваат очекуваните резултати. Од година во година бележиме зголемување на извозот на флаширано вино. Како држава сме позиционирани на високото 13 место во светот по девизен прилив од извозот на вино. Македонското вино го позиционираме високо на винските мапи, а винскиот сектор е од стратешко значење за економијата на нашата земја, соопшти Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. 

Од МЗШВ велат дека со олеснување на условите за регистрација во Регистарот на производители на вино денес има вкупно 248 винарски визби, од кои 166 мали семејни винарии.

-Малите семејни винарии ги поддржуваме со грант до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку првиот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии во 2022 година поддршка добија 59 мали винарии, со вкупна вредност од 34.500.000 денари. Оваа година на вториот јавен повик за поддршка на малите семејни винарии интересот е двојно поголем, со повеќе од 130 апликации, соопшти МЗШВ. 

Поддршка за развој на винариите МЗШВ обезбедува и преку ИПАРД програмата, овозможувајќи поддршка за подигнување на лозови насади, набавка на опрема и проширување на производствените капацитети и вложување во развој на винскиот туризам.  

Поврзани новости