Македонското Сен Тропе

by fokus

Селото Стење, кое што се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро во подножјето на планината Галичица годинава е како Македонско Сен Тропе. Со средена плажа, мирни води, прекрасни природни пејсажи наоколу, тоа привлекува се повеќе туристи.

Ако сакате да имате мирен одмор, а при тоа да не платите голема сума, Стење покрај Преспанското езеро е идеална дестинација. Туристите кои што годинава летуваат таму велат дека за лежалка, чадор и една пијачка се плаќа 100 денари, но се презадоволни и од новоотворените ресторани кои што ги има во голем број.

prespanski cironki1

,,Освен плажата во Стење, има доста места каде што може да се ужива. Во Крани има помала плажа која што е пристојно средена, додека пак плажата во Претор е голема, има доста посетители. Но она што воодушевува е рибата која што е главен специјалитет во рестораните. Порција преспанска белвица се нуди по цена од 200 денари, на менито има и превкусни преспански циронки во сос. Идеален одмор можат да си приуштат и оние кои што сакаат мир и тишина, но има и места каде што е забавно и за помладите,, – велат посетители на Преспа.

stenje3

Сместување во Стење може да се најде во приватните вили за 300 денари од кревет, а има само еден поголем хотел, каде што двокреветна соба може да се изнајми по цена од 2.300 до 2.700 денари од ден.

Туристите имаат можност да уживаат и во етно рестораните и меаните кои што со полна пареа работат нудејќи преспански специјалитети. Велат дека пред заминување, задолжително треба да се купи свежа преспанска белвица за дома, а која што ја нудат локалните рибари по цена од 50 денари за килограм.

До пред триесеттина години, Преспанското Езеро привлекуваше голем број на туристи, а во последниот период се работи на заживување на туризмот во овој крај.

меана крани

Плажите во Стење и во Сливница се уредија лани, а инвестицијата изнесуваше околу 1.3 милиони евра, за 500 метри плажа во Стење и околу 100 метри плажа во должина кај Сливница, средства обезбедени од буџетот на министерството за транспорт и врски. Наредниот месец ќе започне изградба на пешачка и велосипедска патека околу езерото, а владата ќе издвои околу 1 милион евра за таа намена.

Вики Клинчарова

Поврзани новости