Централната прослава на Денот на народното востание 11 Октомври денеска се одржа во Куманово каде говор одржа премиерот Димитар Ковачевски.
Пред неговиот говор, имаше културно-музичка програма, во која хорот освен македоснката химна, изведе и неколку песни од периодот на Народно ослободителната борба на македонскиот народ.
Хорот ја испеја и песната „А бре, Македонче“ македонска песна од патриотски, борбен карактер и химна на партизанското движење во Македонија, која потекнува од периодот на НОБ за време на Втората светска војна.
Песната се смета за народна песна, иако е создадена од Крсте Црвенковски, Коле Чашуле и Ордан Михајлоски – Оцка. Таа е напишана во Прилепско, два месеци пред македонската химна Денес над Македонија.
Последниот стих во оргинал гласи:
Нека разберат клетите фашисти,
македонско име нема да загине!