Македонските војници заминаа за Словенија за да помогнат во справувањето со последиците од поплавите

by Fokus

Припадниците на Армијата утрово заминаа за Словенија каде треба да помогнат во санирање на последиците од невремето што ја зафати оваа држава.

Согласно одлуката на Владата, во Словенија се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на штетите што ги предизвика невремето. Помошта беше побарана од Словенија преку механизамот NATO EADRCC.

Припадниците на Армијата ќе останат во Словенија триесет дена каде ќе се вклучат во хуманитарната операција за санирање на штетите од невремето.

„Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи“, наведоа од Владата.

 

Поврзани новости