505
Македонската ракометна репрезентација вчера беше поразена од Чешка на ЕП после лошото второ полувреме на нашите ракометари (25-27).
Момците на селекторот Брестовац се согласни дека вториот дел од мечот не прикажале најдобра игра.
„После мечот со Украина заклучивме дека не смееме да паѓаме во продолженијата. Тоа ни се случи со Чешка. Имавме многу пропусти во второто полувреме, не можевме да ја пробиеме нивната одбрана“, истакна Филип Талески.
Брестовац беше краток по натпреварот и видно е неговото разочарување од овој пораз.
„Мислам дека го изгубивме мечот на почетокот на второто полувреме“, кратко порача Брестовац.
Фото – ЕХФ ФБ