Македонските ракометари добија лесна квалификациска група за ЕП 2026

by Fokus

Машката македонската ракометна репрезентација денеска ги доби ривалите за пласман на Европското првенство во 2026 година што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Жрепката во Копехаген за „црбено-жолтите“ донесе релативно лесна група.

Македонија во евроквалификациите ќе игра во Групата 1 заедно со Слованија, со Литванија и со Естонија.

Словенија секако е главен кандидат за првото место во групата, а Македонија, според реномето, е кандидат за второто место во групата.

Литванија и Естонија не се селекции кои би требало да претставуваат посериозен проблем за избраниците на Кире Лазаров.

Во квалификациите учествуваат 32 репрезентации, кои се поделени во осум групи по четири селекции.

Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првите две репрезентации од сите осум групи и четирите најдобро третопласирани селекции.

Натпреварите од евроквалификациите ќе стартуваат во октомври 2024 година, а потоа ќе има уште два термини во март и мај 2025 година.

Македонската ракометна репрезентација идниот месец ја очекува бараж двомеч со селекцијата на Фарски Острови за пласман на Светското првенство во јануари идната година.

Поврзани новости