Македонските православни верници го празнуваат Велигден

by Fokus

Православните верници вечерва точно на полноќ се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресна – Навистина Воскрена“ и со кршењето на велигденското јајце го честуваат големиот христијански празник Велигден и го прекинуваат долгиот велигденски пост.

Главната Велигденска богослужба се одржа во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а ја водеше поглаварот на Македонската православна црква-ОА, г.г. Стефан.

Пред почетокот на богослужбата во Соборниот храм, пристигна и Светиот оган од Ерусалим. Поглаварот г.г. Стефан прв го презеде огнот и го сподели со останатите свештеници и со верниците.

Во своето обраќање до верниците собрани пред соборниот храм, како и до сите македонски граѓани, поглаварот, г.г. Стефан, упати пораки за сплотеност, спокојство и меѓусебно почитување.

Велигденски богослужби се одржуваат низ сите православни храмови во државата. Во Скопје најмногу верници присуствуваа во Соборниот храм, „Св. Климент Охридски“.

Поврзани новости