918
Првата група македонски спортисти пристигна во Токио каде од 23 јули до 8 август ќе се одржуваат Олимписките игри. Македонската олимписка експедиција за Игрите во Токио брои 8 спортисти, кои ќе се натпреваруваат во седум дисциплини.
Настап под македонското знаме на Олимписките игри изборија пливачите Миа Блажевска – Еминова и Филип Деркоски, таеквондистот Дејан Георгиевски, атлетичарот Јован Стојоски, каратистката Пулексенија Јовановска, џудистката Арбреша Реџепи, стречалот Борјан Бранковски и борачот Могамедгаџи Нуров.
Македонски знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Реџепи и Георгиевски.