Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје најдобрата македонска машка одбојкарска репрезентација загуби од селекцијата на Албанија во својот трет натпревар во Европската сребрена лига.
Албанците триумфираа со 3:1 во сетови, ривалот го доби првиот сет со 25:23, па израмнивме на 1:1 откако вториот сет го освоивме со 25:20. Во третиот сет гостите доминираа (25:17), иако неколку пати имавме предност од два поени. А четвртиот сет го добија противниците со 25:22, иако имавме добра шанса да израмниме повторно во сетови. Трипати доаѓавме до четири поени предност, но Албанија која имаше и одличен сервис во текот на мечот се врати и на крајот ги постави конечните 3:1.
Тоа е втор пораз за избраниците населекторот Ратко Павличевиќ во рамките од групата „Б“ во која денеска се одигра уште еден меч, Романците го запишаа и третиот триумф откако дома со 3:0 беа подобри од Босна и Херцеговина.
На табелата води Романија со 8 бодови, пред Македонија и Албанија кои имаат по четири, а последна е БиХ со два.