478
Македонската ракометна репрезентација до 18 години ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија. „Црвено-жолтите“ попладнево остварија убедлива победа над Луксембург со 10 голови разлика (32:22).
За Македонците ова беше четврта победа во низа.
Најефикасен во полуфиналето беше Славчо Шулески со десет постигнати голови.
Противник на македонскиот национален тим во финалето ќе биде поуспешниот од мечот помеѓу Швајцарија и домаќинот Летонија кој почна во 17 часот.