Македонските граѓани во Египет ќе патуваат со електронска виза

by Fokus

Граѓаните на Република Северна Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Сите оние што имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза-порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg. Одобрената електронска виза пристигнува на е-пошта и таа се печати и се презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи.

За влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.

Северна Македонија е меѓу 74 земји чии граѓани можат во Египет да патуваат со електронска виза.

Поврзани новости