Македонската фудбалска репрезентација загуби на гостувањето кај Италија во Рим со убедливи 5-2 во рамки на претпоследното коло во квалификациите за Европското првенство 2024 година.
„Аѕурите“ го отворија резултатот во 17 минута кога Матео Дармијан погоди од непосредна близина по еден брзо изведен корнер.
Италија доби пенал во 40 минута, кога Никола Серафимов случајно играше со рака во нашиот шенаесетник.
Жоржињо ја презеде одговорноста од белата точка, но нашиот голман Столе Димитриевки упеја да го прочита неговиот обид и да одбрани.
Сепак, Италија брзо потоа дојде до втор гол откако Федерико Киеза биеше одлично од далечина и го совлада нашиот голман во 41 минута.
Фудбалерот на Јувентус во судиското продолжение на првиот дел погоди и за 3-0.
Македонскиот селектор Благоја Милевски направи три измени на полувремето и тоа веднаш вроди со плод, бидејќи Јани Атанасов погоди со глава во 51 минута по одличниот центаршут на Езгјан Алиоски за 3-1.
Истиот фудбалер погоди уште еднаш за 3-2 во 74 минута со удар од далечина, топката го допре Ачерби и го измами Донарума.
Домашната селекција брзо ги разреши сите дилеми натпреварот во 81 минута преку Џакомо Распадори и погоди за 4-2.
Конечниот резултат 5-2 го постави Стефан Ел Шарави во судикото продолжение од натпреварот.
Македонија уште пред овој дуел немаше шанси за пласман на Европското првенство, а Италија во последното коло ќе се бори на гостински терен со Украина за второто место во групата и „виза“ за континенталниот турнир.