Македонските фудбалери од четвртиот „шешир“ ја чекаат жрепката за ЕУРО2024

by Fokus

Македонската фудбалска репрезентација е сместена во четвртиот „шешир“ за жрепката за квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, која е закажана за 9 октомври во Франкфурт. 

Вкупно 53 европски репрезентации ќе бидат поделени во десет групи, седум со по пет, а три групи со по шест репрезентации. 

Квалификациите ќе стартуваат во март идната година и место на завршниот турнир во Германија ќе обезбедат победниците и второпласираните репрезентации во десетте квалификациски групи. 

Преостанатите три места за ЕУРО 2024 ќе бидат пополнети преку плејоф. 

Шешир 1 

Холандија, Хрватска, Шпанија, Италија, Данска, Португалија, Белгија, Унгарија, Швајцарија, Полска 

Шешир 2 

Франција, Австрија, Чешка, Англија, Велс, Израел, БиХ, Србија, Шкотска, Финска 

Шешир 3 

Украина, Исланд, Норвешка, Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора, Романија, Шведска, Ерменија 

Шешир 4 

Грузија, Грција, Турција, Казахстан, Луксембург, Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови, Македонија 

Шешир 5 

Словачка, Северна Ирска, Кипар, Белорусија, Литванија, Гибралтар, Естонија, Летонија, Молдавија, Малта 

Шешир 6 

Андора, Сан Марино, Лихтенштајн. 

Поврзани новости