Висок функционер на македонските безбедносни служби бил известен од српските колеги дека советникот од амбасадата на Република Србија Горан Живаљевиќ бил присутен во собранието, кобниот четврток на 27 Април, јави Телевизија 24 од извори од безбедносните служби.
На средбата МНР не побарало повлекување на Живаљевиќ.
Претходно и српскиот премиер Вучиќ и синоќа министерот за надворешни работи Дачиќ изјавија дека присуството на припадникот на БИА не било спорно, бидејќи ја работел својата работа, а таа е да известува од терен.
Мандатарот Заев пак по средбата со Вучиќ во Брисел изјави дека не разговарале за овој случај, и дека тоа ќе го решат надлежните служби.
После објавувањето на овој случај, дел од инкриминираните безбедносни служби чии припадници упаднаа во Собранието, како припадниците на Агенцијата за разузнавање веќе се обидуваат да го искористат присуството на Живаљевиќ како алиби за своето делување во собранието.
Меѓутоа изворите на телевизија 24 велат дека се работи за манипулација, бидејќи припадниците на Агенцијата за разузнавање биле во собранието од почетокот на упадот во 18 часот, додека Живаљевиќ влегол после 20.
И во исто време агенцијата за разузнавање нема задача да следи странски служби на македонска територија, туку тоа е задача на УБК.