Македонскиот таеквондист го победи светскиот првак на Олимпијадата во Токио

by fokus

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во четвртфиналето, категорија +80 килограми на Олимпискиот турнир во Токио, откако утринава го победи актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба.

Македонецот ја доби првата рунда со 5:1, иако противникот го освои првиот поен. Дејан ја зголеми предноста по втората рунда која изнесуваше седум поени (10:3).

На крајот Георгиевски успеа со 11:8 да слави победа.

Следен противник на македонскиот знаменосец на отворањето на Игрите, ќе биде Кубане од Брегот на Слоновата коска.

Четвртфиналната борба треба да се одржи околу 8:45 часот по македонско време.

 

Поврзани новости