Македонскиот камерен оркестар Профундис во сабота на 8 јули ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот – ‘Раванелиус’ во Ќуприја, Србија. Оркестарот ќе биде дел од затворањето на овој врвен музички фестивал.
Камерниот оркестар „Профундис“ е единствениот македонски претставник на овој фестивал. На сцената заедно со нив како солист ќе настапи српскиот кларинетист Огњен Поповиќ, познат како виртуоз во своето музичко творење, соопштија од оркестарот.
Фестивалот на музички извонредности „Раванелиус“ преставува еден од најпрестижнитефестивали во регионот кој преку својот современ концепт допринесува кон развој на класичната музика.
Овогодинешното издание, кое се одржува од 1-8 јули, го отвори еден од најдобрите светски виолинисти: Немања Радуловиќ. Во своето четиригодишно постоење, фестивалот се закити со престижнотопризнание „Музика класика“ за најдобар регионален фестивал во регионот и беше домаќин на преку 150изведувачи со преку 4.000 посетители.
ИНФОРМАЦИЈА ЗА УРЕДНИЦИТЕДоколку сте заинтересирани за гостување во вашата програма поврзано со овој настан, ве молиме да сејавите на 02 5123 156 или на 071 453 252.ЗА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ (МК): Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички составкој постои веќе четири години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебенакцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатитемакедонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во РСМ, Националнатаопера и балет и Националната филхармонија.