Македонскиот државен врв да се сретне со македонските Бугари, бара Ковачев

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да се сретнат со претставниците на македонските Бугари, да се сфатат и нивните проблеми да бидат воочени и решени од институциите на Република Северна Македонија, побарал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој денеска во Европскиот парламент се сретнал со претставници на здруженијата на македонските Бугари.

-Ова е од корист за сите граѓани на РСМ, за Бугарија, за целиот регион и за Европа. Тоа е она за што работиме и затоа бугарското претседавање со Советот на ЕУ имаше за цел да ги убеди нашите партнери дека интеграцијата на Западен Балкан треба да се случи што е можно побрзо. Со војната во Украина и пропагандната војна во Бугарија и во земјите од Западен Балкан, тоа е исклучително важно, мора да се поддржат проевропските сили, изјавил Ковачев, пренесуваат бугарските медиуми.

Според него, гостите разговарале и за спроведувањето на Договорот меѓу Софија и Скопје за добрососедство, како и за вклучување на Бугарите во Уставот, што е услов Скопје да ги започне преговорите за приклучување кон ЕУ.

Поврзани новости