Македонскиот борач Нуров освои злато на Медитаранските игри во Алжир

by fokus

Македонскиот борач Магомегаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3.

Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.

Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.

Поврзани новости