Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на Аеродром, Петровец, Илинден и Сопиште.
– Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од улица Коста Новаковиќ лоцирани на потегот од ЗУР Маркет до крајот на слепата улица;
– Во периодот од 09.00 до 13.35 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Петровец, објектот на наплатна рампа Петровец, корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровце, објектите на Мак Петрол Миладиновци, М – Стеел и ЖТП Миладиновци;
– Во периодот од 09.00 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од Горно Соње – место викано Подбрег;
– Во периодот од 09.30 до 12.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците од Долно Соње – место викано Димково Лозје.