Шефот на дипломатијата Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека е одложено испраќањето на новиот македонски амбасадор во Русија.
– Ние донесовме вчера одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија кој требаше да оди на 15-ти март, рече Османи, појаснувајќи дека вчерашниот апел на МНР сите граѓани на Северна Македонија што се наоѓаат во Русија да се вратат, е поради тоа што може да се случи наскоро да не можат да го сторат тоа, поради забраните за летови за Русија.
Османи додаде дека имаме многу наши граѓани, студенти, бизнисмени кои се наоѓаат во Русија по разни основи.
– Таму не предвидуваме безбедносно нарушување, но тоа соопштение го пуштивме поради затворањето на воздушниот простор и таа листа на земји што го затвораат воздушниот простор за руски компании се повеќе се ограничува можноста за комерцијални летови. И затоа ги предупредивме доколку немаат неодложни некои активности да се вратат во земјата бидејќи може да бидат во ситуација утре да не можат да најдат начин да се вратат овде, додаде Османи.