442
Македонскиот амбасадор Гоце Карајанов денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи каде го информирале за дипломатските контра мерки што ќе ги повлече Руската федерација откако Македонија одлучи да протера руски дипломат, потврдуваат за МИА извори од МНР.
Руското Министерство за надворешни работи повикува западни дипломати кои ги запознава со реципрочни мерки откако нивните земји се солидаризираа со Велика Британија во врска со случајот Скрипал и протераа руски дипломати.