Од 9-ти март (понеделник) се враќа во сообраќај патничкиот воз Скопје-Приштина и обратно, соопштија од Македонски железници.
„Потсетуваме дека возот кој превезува патници од главниот град на Северна Македонија до главниот град на Косово, поради одредени технички проблеми не сообракјаше редовно, а со надминување на истите, повторно е во функција.
Возниот ред останува ист. Поаѓањето од Скопје ќе биде во 16:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Приштина во 19:10 часот.
Што се однесува до релацијата Приштина-Скопје, поаѓањето ќе биде во 07:10 часот, додека возот се очекува да пристигне во Скопје во 09:52 часот.
Воведувањето на редовната линија на возот Скопје-Приштина-Скопје се очекува значително да го зголеми движењето на патниците, уште повеќе со оглед на секојдневните потреби што луѓето ги имаат од двете страни на границата“, се вело во соопштението на МЖ.