604
Фотографијата од саботата на седумина грчки војници со албанско потекло, на која тие со рацете го симулираат двоглавиот орел, државен симбол на Албанија, предизвика сериозна истрага во грчката армија и негативни реакции на грчката јавност. Веднаш потоа слична фотографија, во знак на солидарност, се појави од војници на АРМ, пренесе МКД.
На македонска територија, според порталот „Шкиперие име“, војници Албанци во АРМ, во знак на солидарност со колегите Албанци од грчката армија, на социјалните мрежи постирале слична фотографија. Порталот пишува дека фотографијата била направена во касарната во Велес.
Нема официјални информации дали АРМ покренала некаква истрага и дали воопшто ова го смета за сериозен безбедносен инцидент.