„Македонски телеком“: Нема проблем со интернет-конекцијата на пописот

by Fokus

По првите проблеми за пописот, од компанијата „Македонски телеком“ велат дека во текот на денешниот ден кај нив не е регистрирана ниту една пријава за дефект во интернет-конецијата.

„Во врска со написот за прекини во интернет конекцијата при спроведување на Пописот 2021, ве известуваме дека ‘Македонски телеком’ нема никакви проблеми со интернет-конекцијата и во текот на денот не е регистрирана ниту една пријава“, додаваат оттаму.

 

Поврзани новости