Македонски шуми“ од денеска во генерален штрајк

by Fokus

Околу 2.000 вработени во ЈП „Македонски Шуми“ во 30 подружници низ државава од денеска стапија во генерален штрајк поради неисплатени плати и други додатоци. Обвинија дека иако досега им било ветувано дека ќе си ги добијат заработените пари, раководството на претпријатието тоа не го исполнило.

Штрајкот е организиран преку Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, каде членуваат вработените во Шуми. Во штрајк денеска стапија и 52 вработени во подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.

„Штрајкот е организиран по основ на неисплатена јануарска плата, еве февруарската веќе е на прагот, а исто така имаме неисплатени теренски додаток за една година и штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нашите барања. Иако беше на некој начин разговарано, имавме обиди со генералниот директор и ни беше ветувано дека овие барања ќе бидат реализирани, но до денес ништо од тоа не се пствари, барем до овој момент“, рече Боби Кукуноски, синдикален претставник на подружницата „Црн Бор“ на „Македонски шуми“ во Прилеп.

Фото: 24Вести

Поврзани новости