Македонски претприемачи што ја менуваат играта: „Кафе де Анатолија“ на Forbes во САД

by irena 11:59
11:59

Никола Илиев (Nickarth / Rialians On Earth) и Моника Илиева (Monika Ilieva) – ко-основачи на Cafe De Anatolia и членови на Forbes Business Council, заедно со Михаела Ѓорчева, основачка на Киноверзум и претставничка на Славјански Универзитет, ја претставија Македонија на престижниот Forbes Under 30 Summit, кој се одржа во Колумбус, Охајо, САД.

Настанот ги обедини најуспешните млади лидери, визионери и иноватори од целиот свет. Македонските учесници беа дел од дискусии, презентации и networking активности, заедно со светски познати имиња како Алекс Ворен (чиј хит „Ordinary“ стана глобален успех), актерката Лили Рајнхарт (Riverdale), олимписката шампионка Суни Ли, најмладата самостојна милијардерка Луси Гуо, Џејк Шејн, Џош Ричардс и многу други визионери кои ја обликуваат иднината на глобалната креативна економија.

„Музиката, културата и образованието се мостови кои ги поврзуваат луѓето надвор од сите граници,“ истакнуваат македонските претставници, нагласувајќи дека Forbes е токму местото каде што тие мостови се градат.

Под водство на фамилијата Илиеви Cafe De Anatolia се издигна во еден од највлијателните европски музички брендови, кој успешно ги спојува музиката, културата и претприемништвото.

Компанијата неодамна потпиша стратешки договор со Sony Music Publishing, со што Cafe De Anatolia стана првиот европски бренд од својот вид што постигнал вакво партнерство – историски успех за македонската и европската музичка индустрија.

Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ ја основаа Зоран Илиев, познат како Били Естебан и неговите деца Моника и Никола во 2017, а концептот го имале од 2009. Создаваат органик хаус музика со етно елементи.

Слични вести