Од денеска започнува зимското сметање на времето – стрелките се вратија еден час наназад

by irena 09:30
09:30

Зимското сметање на времето официјално започна ноќеска. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовниците се поместија еден час наназад, со што времето повторно се сметаше како 2 часот.

Со оваа промена, граѓаните добија еден час повеќе за спиење, но визуелно денот ќе изгледа значително пократок. Наутро ќе се разденува порано, но веќе во попладневните часови побрзо ќе паѓа мрак. Зимското сметање на времето е стандардна практика која се применува од последниот викенд во октомври сè до последниот викенд во март, кога повторно се враќаме на летното време.

И покрај повеќегодишните иницијативи за укинување на сезонското менување на времето, оваа практика сè уште е во сила во Македонија и во голем број европски земји.

Меѓу европските земји кои веќе не го менуваат времето се наоѓаат Исланд, Русија и Белорусија.

На глобално ниво, сезонското менување на времето не се применува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, како и во најголемиот дел од африканските земји.

 

Слични вести