По одлуката на Владата еден од родителите на децата до 10 години да се ослободи од работа во период од две недели, реагираат од Македонскиот полициски синдикат, бидејќи оваа мерка не важи за вработените од полицијата, армијата, здравството…
Рекцијата на синдикатот ја објавуваме во целост:
“ЗОШТО СЕ ДИСКРИМИНИРААТ ДЕЦАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МВР!!!!!
Почитувани,
По повод соопштението донесено на 16’та владина седница, со кое Владата на Република Северна Македонија информира дека донела дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот, Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезнтативен синдикат во Министерството за внатрешни работи НАЈОСТРО РЕАГИРА по точката 13 од Сопштението во која е нагласено: “Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата”.
Ако еднаквоста на човековите права е едно од главните општествени начела, а интересот за положбата на децата се смета за еден од најзначајните во секое општество кое има граѓанска определба, како синдикат сметаме прашуваме: Зашто се дискриминираат децата на вработените лица во Министерството за внатрешни работи???
Од тие причини го повикуваме раководството на Министерството за внатрешни работи, под итно да изнајде солуција за:
1. Ослободување од работа и работни активности на родителот вработен во министерството во случај кога двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови, кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа. Родителот да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.
2. Ослободување од работа и работни активности на самохраните родители вработени во Министерството за внатрешни работи.
3. Ослободување работа и работни активности на родителот на децата, односно лицата до 26 години кои се сместени и користат услуги во центрите за попреченост, во случај кога двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови.
4. Ослободување од работа на вработени во Министерството за внатрешни работи врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
-Хронични респираторни заболувања;
-Тешки кардиоваскуларни заболувања;
-Дијабет – ТИП1;
-Малигни заболувања; и
-Имуно-компромитирачки состојби.
5. Ослободување работа и работни активности на бремените жени вработени во Министерството за внатрешни работи.
Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот..
Но што со децата на вработените во Министерството за внатрешни работи.. Во случај кога воспитно образовните институции се затворени.
Кој да ги згрижи нашите деца кога двајцата родители родители работат во рамки на Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домов謬¬?
Каде да ги остават во тој случај своте деца вработените во Министерството за внатрешни работи…. На улица…???
Исто така повторно од ваша страна бараме да преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција, се вели во реакцијата на Македонски полициски синидикат.