Македонски концепт: Заев да каже дали има удели во фирми во Дубаи, Грција, Индија и Африка

by fokus

Политичката партија Македонски Концепт, денеска реагира на вчерашната изјава на поранешниот премиер Зоран Заев дека доколку Петар Богојески не се извини за изјавата во врска со бизниси во Дубаи и Индокина.

-Македонски концепт искажува незадоволство поради заканите кои Зоран Заев, премиер во сенка, ги упатува кон националниот лидер на нашата партија Петар Богојески, во врска со неговото последно интервју за неделникот Фокус во кое тој отворено зборува за криминалното поведение на македонските политички елити.
Заканите и подметнувањата нема да не поколебаат кон нашата цел, а тоа е целосен рестарт на државниот систем и со тоа и правда за арамиите, кои се служат со такви методи, велат од партијата.

Оттаму додадваат дека, како што велат, наместо закани, добро е Заев да даде одговори дали има сопственост или удели во фирми во Грција, Дубаи, Индија, Африка и разни острови низ светот?

-Тие одговори не ги бараат само Македонски Концепт и Богојески, туку сите македонски граѓани во земјава.
Македонски Концепт има нулта толеранција кон криминалот и корупцијата, а тоа дополнително ќе го покажеме откако македонските граѓани ќе ни дадат можност да управуваме со државните институции за прогон на криминалците, особено оние од политиката, стои во реакцијата на партијата.

Поврзани новости