Партијата Македонски концепт одбра своја химна, а тоа ќе биде композицијата „Земјо мила” од авторот проф. д-р. Јане Коџабашија (делото, музика, текст и аранжман) во оригинална изведба на Никола Давидовски.
Од партијата велат дека авторот ги отстапил комплетните права (во оригинал и преработки) за партијата да може композицијата да ја користи како своја химна.
-Ние сме исклулително задоволни што таква антологиска, изворна македонска композиција станува дел од нашата партија, како наша официјална Химна! Покрај нашиот официјален симбол на партијата, стилизиран приказ на споменикот на НЕЗНАЈНИОТ ЈУНАК од Мечкин Камен, и официјалното статутарно и доктринално прогласеното идеолошко и историско наследство на партијата на Илинден и Илинденската Организација, со новата Химна веќе ја добиваме својата полнота како партија во поглед на симболите и идеологијата. Националниот Тим на следната редовна работна седница, официјално ќе ја потврди предходната одлука за избор на „Земјо мила” за наша партиска химна. Со среќа да ни е и вековито!
Генерации активисти на нашата партија МК да ја почитуваат и да создаваат иднина за нашата Македонија, вели партискиот лидер, Петар Богојески.
К.С.Б.