Македонски гејмери создадоа хорор игра

by Fokus

Гејминг-тимот на Workbench Entertainment од Македонија ја најави својата прва игра „Wounded“. Овој проект, тие го започнале пред три години, а се очекува играта официјално да излезе во 2019 година.

Пред неколку дена излезе и официјален видео-запис за тоа како ќе изгледа играта, а на „ју-тјуб“ собра лавина позитивни коментари од љубителите на компјутерски игри.

Wounded е преживувачка хорор игра, која се игра во прво лице, а управува главниот лик, Тим. Тој ја бара својата исчезната ќерка во напуштено и мистериозно место.

Овој тим е создаден во 2014 година, од група млади гејмери ентузијасти од Скопје. Како што велат, нивниот сон е да се изразат преку создавање на игри, кои луѓето ќе ги обожаваат.

Поврзани новости