Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа во Хрватска

by Fokus

Педесет и едногодишен македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Брегана до Липовац во Хрватска, а уште едно лице било повредено, пренесува 360 степени.

Сообраќајната несреќа, како што пренесуваат хрватските медиуми, се случила вчера по 19 часот, а известувањето за несреќата било примено од Центарот за оперативни комуникации на Полициската управа Брод-Посавина.

Од СВР Брод-Посавина информираат дека починатиот бил државјанин на Македонија и тој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички. Според информациите, и повреденото лице е исто така македонски државјанин.

Увидот на полицијата е во тек, а по завршувањето на истрагата ќе се знаат причините за излетувањето на автомобилот од коловозот.

Засега не е објавен идентитетот на двајцата македонски државјани.

Поврзани новости