480
Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во близина на Килкис (Кукуш) во северниот дел на Грција, при судир на два автомобила животот го загубил 55-годишен државјанин на Македонија, објавија грчките медиуми.
Автомобилот со кој управувал 55-годишникот директно се судрил со друг автомобил управуван од 44-годишна жена. На местото на несреќата пристигнале и пожарникари, кои интервенирале за да го извлечат возачот, кој бил пренесен во болница во Солун, каде што само била констатирана смрт.
Во вториот автомобил заедно со 44-годишната жена се превезувале и 38-годишен маж и две тригодишни девојчиња. Сите биле пренесени во болница.
Причините за несреќата засега не се познати.