Македонски државјанин во Германија до смрт избодел жена пред три мали деца

by Fokus

Триесетгодишна жена била убиена во Дортмунд, Германија откако насилникот кој е од Македонија ја избодел со месарски нож и тоа пред трите малолетни деца, соопштува германски „Билд“.

Според информациите, жената сакала да се раздели од насилниот сопруг, и да започне нов живот. По настанот мажот побегнал и ја оставил жената да крвари во ходникот.

Малите деца, кои се на возраст од 3.4 и 6 години го пријавиле случајот кај соседите.

„Билд“ пишува дека жената неодамна се разделила од сопругот кој бил македонски државјанин. Таа долго време трпела семејно насилство, а на крајот на октомври се преселила со нејзините три деца во нов стан во Дортмунд.

Сторителот по бегството бил фатен на автопат во Вирцбург. Моментно во притвор во Нирнберг, од каде ќе биде префрлен во Дортмунд.

Децата првично биле згрижени од Канцеларијата за заштита на младите и прегледани во Детска клиника.

Поврзани новости