Македонски државјанин пронајден мртов на железничка станица во Италија

by fokus

Бездомник со македонско потекло на околу шеесет години бил пронајден мртов вчера околу ручек во близина на железничката станица во Порто Реканати, во близина на Анкона, пренесува „Радиоере“.

Според локалните жители, бездомникот често престојувал на железничката, но дека никогаш не правел проблеми.

На 1. јануари околу 16 часот, случајни минувачи го забележале неговото безживотно тело, по што била алармирана итната помош, кои само констатирале смрт.

Надлежните се обидуваат да ги разјаснат причините за смртта. Човекот никогаш не покажал очигледни знаци на здравствени проблеми, но студените зимски температури можеби придонеле за влошување на неговата состојба.

Поврзани новости