Македонски државјанин кој е во Нигер побарал помош

by fokus

Министерството за надворешни работи, преку амбасадата во Каиро работи на обезбедување евакуација од Нигер за еден македонски државјанин кој побарал помош. Како што соопшти МНР, за тоа се водат интензивни преговори со нашите партнери и сојузници, кои имаат свои претставништва во Нигер.

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Нигер.

-Поради влошената безбедносна ситуација во Нигер и можноста од ескалација на истата, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија да избегнуваат патување во Нигер, додека на оние кои се наоѓаат во територијата на Нигер, а имаат можност да ја напуштат земјата, да го направат тоа веднаш, се наведува во соопштението од Министерството.

Од МНР, како што се додава, ги замолуваат македонските државјани кои се наоѓаат во Нигер, а кои сѐ уште не оставиле свои податоци, да ја контактираат нашата Амбасада во Каиро, со цел доставување на своите податоци, на следниот телефонски број + 202 27 508 501; +201017810085; +201033615542 и е-мејл адреса cairo@mfa.gov.mk.

Дополнително, македонските државјани може да се обратат и до Министерството на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и на следната и-меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk.

Поврзани новости