Еден македонски државјанијн се наоѓа во Волос во Грција, и тој е на безбедно во локален хотел, соопшти Министерството за надворешни работи, откако деновиве повеќе туристички места во Грција се поплавени од големо невреме.
-Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денес еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел. Апелираме, сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја и да останат на сигурно се до евентуална евакуација, соопшти МНР.
Според досегашните информации во поплавите што ја зафатија Грција има починати се двајца, а МНР изрази сочувство до семејствата на загинатите.
-Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел пружање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја. На располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410, соопшти МНР.