Двајца македонски државјани, момче и девојка, се приведени во Албанија поради кражба на плажа во приморскиот град Саранда.
Полицијата ги идентификува како Давид Шапуриќ и Сандра Нешковска, објави Ора њуз.
Како што наведуваат од албанската полиција, овие лица во реонот на плажата наречена „Суво дрво“, на грчка државјанка и ја украле чантата во која имало два мобилни телефони, три пара очила, паричник со пари и други лични предмети.
– Како резултат на брзото администрирање на пријавата на грчка државјанка, на 17 месецов, полициската станица Саранда овозможи идентификација, откривање и апсење на осомничените сторители на случајот, државјаните Д.Ш.(24) и С. Н.(28) двајцата жители на Северна Македонија, соопшти полицијата.
Се додава дека истрагата продолжува за откривање на можната нивна поврзаност со други кражби.
Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Саранда, за понатамошни дејствија, за кривично дело „кражба“, извршено во соработка.