Македонски Брод и Дорјан без ниту еден заразен од Ковид-19

by fokus

Продолжува намалувањето на активните ковид случаи во државава чиј број, како што информираа вчера од Министерството за здравство, изнесува 1.955, од кои најголем број 1.066 се во Скопје. Македонски Брод и Дојран се без ниту еден активен случај.

Според податоците на Министерството за здравство, во земјава вчера се евидентирани нови 324 случаи на КОВИД-19, од направени 2.290 тестови. Пријавено е едно починато лице во изминатите 24 часа, а две лица во периодот од 4 и 5 март преку Регистарот на умрени лица од КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.

Од почетокот на пандемијата, вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава достигна 302.548. Оздравени се 291.431 пациент, а битката со вирусот ја изгубиле 9.162

Поврзани новости