462
Македонците од Канада донирале над 145.000 канадски долари за поддршка на кампањата за бојкот на референдумот на 30 септември. Најголемата донација од 100.000 долари ја дал бизнисменот Крсте Ивановски.
Во организацијата на настанот учествувале Светскиот Македонски Конгрес од Канада, Организацијата Обединети Македонци од Канада, Македонското Меѓународно Движење за Човекови права со Седиште во Канада и македонското здружение од Канада Андон Лазов Јанев Ќосето.