1K
Бизнисменот од Македонија, Тони Грчев го купи руинираниот хотел „Мир“ во Звоначка бања во Србија, пренесува порталот „Јужни вести“.
Според информациите, инвеститорот има намера да го реновира хотелот и базените, но и во иднина да изгради уште еден хотел.
Како што ги информирал Грчев, отворениот базен ќе работи веќе наредната година, додека хотелот се планира да почне со работа во 2021 година.
Грчев во Србија го формираше претпријатието „Ел греко ДМГ“ пред осум дена, со адреса на Звоначка бања.
Хотелот „Мир“ е приватизиран од 2010 година, а уништен само неколку години подоцна. Со извор на термоминерална вода и висина од 630 метри, Звоначка бања е една од највисоките и најубавите во Србија.
Фото – Јужни вести