Македонски автобус се излизгал и удрил во банкина: Заглавен во снежните наноси во Србија

by Fokus

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот кај местото Појат во Србија, каде македонски автобус се излизгал и удрил во банкината поради лошите временски услови. За среќа, нема информации за повредени патници, но причинета е значителна материјална штета.

Обилните снежни врнежи предизвикаа сериозни проблеми низ Србија. Патиштата се многу лизгави, а снежните наноси доведоа до затворање и ограничување на одредени патни правци. На автопатот „Милош Велики“ сообраќајот е речиси во колапс, при што на возачите им се препорачува максимална внимателност и користење зимска опрема.

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека главните патишта се проодни, но на делови од некои патни правци има слоеви снег до 10 сантиметри. Се апелира до сите граѓани кои патуваат низ Србија да ги следат препораките за безбедност и да се информираат за состојбата на патиштата пред да тргнат на пат.

Поврзани новости