Македонската страна предложила вклучување на германски историчари во Комисијата, Бугарија одбила

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во денешното гостување на Канал 5 откри дека на почетокот на годинава македонската страна предложила во работата на Комисијата за историја меѓу Македонија и Бугарија да се вклучат германски историчари, но Бугарија тоа веднаш го одбила.

-Форматот во кој само македонски и бугарски историчари треба да ги решат прашањата, мислам дека нема да даде резултати. Ако не се приклучи трета страна, историчари, кои би биле консултанти. Ова е понудено на почеток на оваа година од наша страна, двајца германски историчари да се приклучат на Комисијата како консултанти. Бугарите тоа веднаш го одбија. Дури имаше предлог пред месец дена од германското претседателство дајте да приклучиме трета страна во Комисијата, рече Пендаровски.

 

Поврзани новости